(ВИДЕО) Петров : Поддршката за компаниите ја зголемивме за 50 пати, политиките на СДСМ даваат реални резултати

0
894
Прес-конференција, Коста Петров, попретседател на СДСМ
Почитувани новинари, почитувани граѓани
Економските политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија даваат реални и видливи резултати.
Ја извлековме економијата од минус. Стапката на раст бруто домашниот производ сега е 3,5%, а пред две и пол години беше минус 1,8 отсто.
Стапката на невработеност сега е на рекордно ниска стапка од 17,1 насто, а работа најдоа 60.000 лица.
Расте довербата на инвеститорите во македонската економија, што се гледа и со растот на берзанскиот индекс МБИ 10 од 104% за периодот од 2016 до 2020 година. Овој индекс имаше пад од цели 19% за периодот од 2011 до 2016 година.
Ветивме и го одржуваме зборот за силно вложување во домашните компании.
Со доаѓањето на Владата на СДСМ за 50 пати е зголемена поддршката  за компаниите од Фондот за иновации и технолошки развој.
Во 2019 година, преку инструментите на фондот, беа поддржани 314 компании, со вкупно 57 милиони евра.
За споредба во 2017 година преку фондот, биле поддржани само триесетина компании, и тоа со околу еден милион евра.
Истовремено се забележува вистински пресврт во работењето на компаниите поддржани од фондот за иновации и технолошки развој. Тие бележат:
· просечен пораст на добивката од 60%,
· просечен пораст на приходите од 50%,
·  зголемен број на работници за 27% и
·  покачување на просечните плати за 40%.
Поддршката што се дава преку овој фонд, на младите им праќа порака да останат во нашата држава, и да не чекаат да се вработат, туку да отворат своја фирма и да ги реализираат своите идеи.
СДСМ донесе измени на законот за трговски друштва и сега ќе може да се основа фирма со само 1 евро.
Им препорачувам на младите да се охрабрат и да ги остварат своите бизнис соништа дома, бидејќи и тука може да се успее.
Почитувани,
Со мерките и политиките насочени за помош на компаниите и релаксирање на условите за работа, ќе продолжиме и по 12 април.
На прав пат сме!
Благодарам!