Бате Саше дели награди за сваровски судиите од Кривичниот суд што ослободуваат од притвори што ги бара СЈО

0
1416

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги укина решенијата за притвор на двајца осомничени во акцијата „транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство, со што, се остварија во целост пишувањата на Сведок, дека судиите претходно биле повикувани во Судскиот совет, каде што им било ветено дека ќе бидат избрани на повисоки функции доколку ги укинат веќе определените притвори, пишува порталот Сведок.

И покрај сите притисоци врз судиите, вклучувајќи ја и одлуката за аболиција, мал дел од судиите на претходна постапка, во вториот бран на акции, издале налози за претрес, обезбедување на докази, прифатиле барања што им биле потребни на СЈО за водење на постапките, а определија и притвор.

Но, и покрај „храброста“ на судиите на претходна постапка, кои до пред 6 месеци ги одобруваа сите барања за притвор кои ги поднесуваше Обвинителството за организиран криминал или ОЈО Скопје (вклучувајќи ги и последните притвори за учесници во протестите наспроти осомничените за милионски износи) Кривичниот совет како коректор и чии одлуки се конечни, добил „налог“ да не дозволи притвор во ниту еден случај.

За таа цел, судиите биле повикувани од членови на Судскиот совет, од раководни лица во Министерството за правда и екс партиски и државни функционери, кои им ветувале функции во Апелациониот суд, претседтелска позиција во Скопје 1 и место во Републичкото јавно обвинителство доколку ги минираат акциите на Специјалното јавно обвинителство.

-И покрај сите притисоци и тешки околности во кои функционира судството, ние сме горди, што првиот притвор по барање на СЈО го определи жена судија-изјави пред неколку дена на конференција во Скопје Ленче Ристовска, специјална јавна обвинителка.

Секако, ова решение веќе не е во правна сила.

Ваквите информации се гледаат од одлуките на Кривичните совети, кои ги укинаа решенијата за притвор или ги преиначија со мерка јавување пред надлежен суд.

Според информациите на Сведок, од „расадникот на кадри“ во скопска единица, од одделот за организиран криминал, најмалку двајца ќе бидат избрани во Апелациониот суд во Скопје, еден бил планиран за заменик во Републичкото јавно обвинителство (и покрај фактот што во моментот се води кривична постапка против него), а еден ќе биде нов претседтел на судот.

Судскиот совет ги има завршено интервјуата и формалната постапка, па по изборот на нов претседтел, многу бргу се очекува да го направи и изборот, односно унапредувањето на судиите.

Само во скопска апелација има најмалку 6 слободни места, 4 во Врховен, и десетина во другите судови кои наскоро треба да бидат поплнети. Иако сме во изборен период, бидејќи овие огласи биле распишани пред објавување на изборите, се толкува дека нема пречки за избор.

Истовремено, се брза да се завршат постапките и пред Советот на јавни обвинители, па и тој ќе бира јавни обвинители во Републичкото обвинителство, Вишото во Скопје и во неколку основни обвинителства, меѓу кои е и скопското. Советот на обвинители, според информациите на Сведок, за заменик на Марко Зврлевски се очекува да избере судија од скопска единица.

-Судиите кои ја завршија работата, сега бараат награда, но и спас за себе на функции од кои потешко ќе можат да ги тргнат-тврдат нашите извори.

ВМРО ДПМНЕ пак, пред некој ден обвини дека дел од судиите кои судат во скопска единица биле повикувани од одредени странски амбасади каде што им било укажувано какви пресуди да донесат.