ПЕТРЕ МУ ГО РАСПЛАКА МАЈЧЕТО НА КОМАРЦИТЕ, ЌЕ ПРСКА ПЕТТИ ПАТ ВО ЧЕТВРТОК ПРОТИВ ОВИЕ КРВОПИЈЦИ ШТЕТОЧИНИ

0
947

Градот Скопје ги известува граѓаните дека  во четврток, на 11.07.2019 година, на подрачјето на градот Скопје, ќе изврши авионска  и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Имено, авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11.07.2019 година (четврток) во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градот Скопје досега има извршено три прскања (авионско  и терестрично)  против возрасни форми на комарци и едно прскање (авионско  и терестрично) против ларви од комарци.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Со почит,

Град Скопје