ЈАКИМОВСКИ: СО ЗАЕВ СУМ ПРИЈАТЕЛ, ВО СДСМ ЗНААТ ДЕКА НЕ СУМ КРИМИНАЛЕЦ

0
1711

Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 обелодени дека е пријател со поранешниот премиер Зоран Заев.

Исто така, актуелниот татко на оваа скопска општина порача дека неговите противници знаат дека тој не е криминалец.

„Мене господинот Заев ми е пријател и интересен ми е. Десетина дена пред изјавата ми се јави да ми честита за победата. Сметам дека тој не го мислел тоа што го кажа. Веројатно му требала изјавата за дневна политика. Длабоко во себе не мисли така. Противниците знаат дека Стевче Јакимовски не е криминалец, не е неспособен, не е глупав, има идеи и потези“, рече Јакимовски.