КАЕВСКИ: СИТЕ ЗАЕДНО ДА ПРИДОНЕСЕМЕ ЗА УСПЕШЕН ПОПИС

0
1112

Подготвени се сите здравствени протоколи и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на граѓаните што се попишуваат како и на попишувачите. Пописот е многу значаен за планирање на соодветен развој на државата, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Преку оваа статистичка операција, конечно по речиси две децении ќе добиеме точни информации и податоци каде и како правилно да се насочат финансиите и потребните ресурси.

“Врз основа на овие податоци ќе се креираат мерките за одржлив развој, во здравството, образованието, социјалната заштита, животната средина, бизнис секторот и секаде каде што е потребно. Со пописот добиваме точни информации за тоа каде се потребни нови градинки и училишта, каде е потребен стручен кадар за помош за лица со попреченост, каде се потребни нови болници. Со овие информации ќе се креираат ефикасни инвестициски политики, ќе се добијат точни информации за располагање со работна сила и други податоци клучни за развојните политики” – рече Каевски.

Меѓутоа, додаде тој, пописот е и патриотски чин. Придобивките од пописот се огромни и затоа е потребно обединување, а не бојкотирање на овој важен процес.