СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ: БУГАРИЈА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДА НЕ ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА РЕГИОНОТ

0
1125

“Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската и да изнајде решение на отворените прашања со Северна Македонија, бидејќи блокадата на пристапувањето на соседот во ЕУ ризикува дестабилизација во регионот“, изјавија од американскиот Стејт департмент, поврзано со најновиот извештај за состојбата на човековите права во соседната земја.

Годишниот извештајот за човековите права на Стејт департментот објавен завчера, е продлабочен документ за состојбата со прекршувањето на човековите права во светот. Во извештајот за 2020 година е нотирано дека Софија продолжува да репресира поединци и групи од македонско потекло кои само сакаат слободно изразување и здружување.

Како дополнување на констатацијата дека властите во Бугарија не ја признаваат македонската историја, идентитет и јазик и го блокираат пристапувањето на Северна Македоноја во ЕУ, високо официјално лице на Стејт департментот изјави: “Ја охрабруваме Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи и да се придржува до своите меѓународни обврски за човекови права, како правото на слободно собирање”.

Исто така се истакнува историската значење на Договорот од Преспа склучен меѓу Грција и Северна Македонија.

“Овој договор демонстрира дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат сложени работи, да направат компромиси и да дојдат до решение. Ние сме сигурни дека Бугарија и Северна Македонија ќе го сторат истото со преговарање околу нивните билатерални прашања, но тоа да се издвои од процесот за пристапување на Северна Макодонија во ЕУ” – нагласува високиот претставник на Стејт депарментот.