(ВИДЕО) Во недела Прилеп ќе биде домаќин на првиот меѓународен атлетски полумаратон

0
1855

Со организацијата на полумаратонот во должина од 21 километар и рекреативната трка на 5 километри, кои ќе се одржат во недела, 25 ноември низ улиците на градот, Прилеп влегува на атлетската карта на Македонија и поширокиот регион. Тоа е главната цел на организаторот на трките, Атлетско рекреативниот клуб „Лотус“ од Прилеп, кој трката која е од меѓународен карактер, ја организира во соработка со Општина Прилеп.

Почетокот на трката е закажан за 10 часот, додека медалите и признанијата на најдобрите ќе им бидат доделени во 14 часот.

АРК „Лотус“ е формиран на почетокот на оваа година и неговите членови досега учествувале на петнаесетина трки, од кои повеќето се одржувале надвор од државата.