САШЕ ПОЛИТИКО : ПРОБЛЕМОТ НА АПАСИЕВ Е ШТО СЕ ВОДИ ОД ЛИЧНИ ТРАУМИ ОД ДЕТСТВОТО И ЗАТОА Е ОПИЕН ОД ДИКТАТОРИ КАКО ЕНВЕР ХОЏА И ФИДЕЛ КАСТРО

0
589

Апасиев е фасциниран од крволочноста на комунистичките диктатори како Фидел Кастро и Енвер Хоџа. Сигурен сум дека е фасциниран и од Сталин само уште не собрал храброст тоа да го признае. Од каде оваа фасцинација на Апасиев со убиства и леење крв по улици? Коренот е во неговото детство кога растел како дете на стечајци во 90-тите и веројатно гладувал и тој и неговите браќа и сестри ако ги има, ги гледал своите родители како плачат во немаштија и тој гнев кон СДСМ и кон капитализмот му е останат како лична траума. Он сака да коља и да беси како Кастро и Хоџа за да се одмази за тие тешки времиња, но не е свесен дека проблемот лежи на сосема друго место.

Сум бил во тие чевли целото мое детство. Сум бил гневен на Ѕинго на СДСМ на капитализмот на западот затоа што и јас растев бедно во 80-тите и 90-тите немавме никогаш доволно храна никогаш доволно облека, прв пат Охрид го видов на 20 години а Грција прв пат ја видов на 25 години и тоа како работник по хотели и фарми.

До скоро престанав така да се чувствувам затоа што разбрав низ времето дека не се криви ниту СДСМ ниту капитализмот ниту распадот на екс Југославија за нашата сиромаштија во моето семејство во Кратово. Проблемот е сосема друг, ми требаше многу време да се соочам со суровата реалност дека главни виновници за нашата сиромаштија во моето рано детство беа токму моите родители затоа што немаа школо, немаа бизнис вештини, немаа капитал наследен од своите, немаа ниви, немаа акции, немаа дуќани, станови, немаа ниту врски преку роднини, не ги искористиле механизмите кои ја нудела партијата, си останале на маргините како прости неписмени и затоа биле сиромашни цел живот и ние како нивни деца.

Не ги обвинувам моите родители тие се вредни поштени добри луѓе, но проблемот биле нивните родители кои направиле по 10 деца во планини каде нема елементарни услови за живот и потоа тие морале самите да се чуваат себе останале без школо без вештини за заработување пари, се научиле да обработуваат земја и да чуваат стока со техники од среден век што потоа било тотално некорисно во новото време за стекнување средства за живот. Коренот за сите проблеми со кои денеска се соочува земјата е некаде пред 100 години кога во земјава се правеле по 10 деца и сите живееле како индијанци по македонските планини на неплодна почна гладувале јаделе еднаш дневно и таа сиромаштија и беда и ден денеска одекнува преку проста маса која гласа за ВМРО ДПМНЕ и е тешко да се внесе во ЕУ.

Пишува : Саше Политико, главен и одговорен уредник на порталот Мактел.МК