‘Pepper’ – Првиот домашен робот кој има „емоции“

0
1471

pepper-crdit-jake-curtis_ld-e1435074287326

Веќе некое време се разгорува дебатата околу вештачката интелигенција и нејзиното место во човековото општество. Целиот спектар на мислења е пополнет – од тоа дека не смее да им се дозволи на роботите и ВИ да функционираат независно, дека не смее да се дозволи воопшто да постојат, па до тоа дека напротив би биле одлични за нас и дека можеме да ги искористиме за извршување на непожелни работи, а нас да не` остават послободни и поисполнети (налик римските граѓани и робовите под нивна контрола). Жестоко се дебатира.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=lqlyxg1-gE0[/youtube]

Дебатата особено се разгорува кога некоја нова компанија ќе објави напредок во оваа област. Претходно пишувавме за Супер Марио и како тој се стекна со самосвесност, иако прилично рудиментирана.

Овој пат ви го претставуваме Pepper – првиот робот кој има „емоции“. Неговата намена е да живее во вашиот дом, да комуницира со сите членови на семејството и генерално да биде „лево сметало“ по дома. Неговиот опсег на емоции и интеракција е веројатно доста ограничен и по некое време ќе ви стане досаден. Сепак, според неговиот производител, тој е првиот робот кој има емоции и кој комуницира со луѓето базирајќи се на нив.

Прашањето како може да се провери дали навистина има емоции, а не се работи за софистицирано филозофско зомби, е една од етичките дилеми кои се расправаат во ова доба пред доаѓањето на генералната ВИ. Како и да е, ни изгледа дека роботот е направен во некоја едвај-насмеана варијанта, секако, за да биде пристапен и да не се вадат неговите сопственици и нивните гости од памет кога ќе им рипне да им прикаже некоја негова „емоција“. Тој има екран на својот стомак (сомнително налик Телетабиси, а по малку и наликува на овие телевизиски креатури) на кој ќе ги прикажува сопствените емоции, а воедно ќе комуницира со вокал.

Pepper има способност да ве слуша што кажувате (на англиски, француски, шпански и јапонски) и да одговара на тоа, а може да биде ваш за 1.600 долари (со дополнителна месечна претплата од 120 долари плус 80 долари осигурување од штета), па да ги испитувате модерните достигнувања во потрошувачката ВИ и дали тие можат да ве подвргнат под своја контрола.