Никола Димитров : Ќе му простиме на Вучиќ за коментарот за бегството на Груевски, немаме намера да ги влошуваме односите со Србија

0
1302

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, му замери на српскиот претседател, Александар Вучиќ, за неговиот коментар во врска со пресудата против пребеганиот екс премиер, Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Димитров размислуваше малку подолго пред да изјави дека не сака да ја прави истата грешка како и Вучиќ.

-Имаше коментар од претседателот на Србија и во однос на кривичното дело за кое е осуден поранешниот премиер, нешто што не се коментира, ниту за домашните пресуди, уште помалку за странски. Случајот покажува колку е важна регионалната соработка, колку кога една земја ќе се соочи со предизвик се соочува и целиот регион. Сепак немаме интерес да влошуваме односи со други земји – рече Димитров.

Во врска со бегството на Груевски, тој додаде дека вд шефот на амбасадата на Македонија во Тирана имал средба во албанското министерство за надворешни работи, а таква средба се очекува и во Белград.