Јованоски : На мое големо задоволство, денеска остварив неформална средба со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз

0
826
На средбата разговаравме за тековните активности на Општина Прилеп и реализацијата на планираните проекти, како и за мерките кои Општината и здравствените институции ги преземаат во справувањето со пандемијата на Ковид-19.
Освен за влијанието на пандемијата од здравствен аспект, амбасадорот Брнз се интересираше и за финансиските импликации кои коронавирусот ги има врз функционирањето на Општината, јавните претпријатија и врз стопанските субјекти.
Заедно со амбасадорот на САД во нашата држава, ја констатиравме одличната соработка која на партнерска основа ја градат двете пријателски земји.
Амасадорот Брнз напомена дека поддршката која САД и’ ја даваше на нашата земја на патот до членство во НАТО, ќе продолжи и на полето на почеток на преговорите за влез во Европската Унија.
На денешната средба, упатив покана до амбасадорот Брнз да престојува во официјална посета на Општина Прилеп, која беше со задоволство прифатена.