ПРЕМИЕРОТ ИМ ЈА НОСЕШЕ ОПРЕМАТА НА НОВИНАРИТЕ ОТКАКО ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ ИМ БЕШЕ ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ СО ВОЗИЛА ВО ОХИС

0
682

Премиерот Димитар Ковачевски денеска престојуваше во фабриката во Охис за да го следи процесот на чистење на Линдан од малата депонија.

Но, на новинарските екипи не им беше дозволено да влезат до местото на настанот со возила, туку беа принудени опремата да ја носат пеш од капијата на фабриката до местото предвидено за изјавите.

За разлика од новинарите и снимателите, на премиерот и на министерот за екологија им беше дозволено да излезат со своите автомобили на местото на настанот, што предизвика револт кај новинарските екипи кои побараа одговори од премиерот.

На крајот од конференцијата, Ковачевски во знак на солидарност со новинарите побара тој и тимот што го придружуваше да се вратат пеш до влезот на фабриката.

-Бидејќи имавте забелешка дека треба да одите пешки од портата до овде, сега ќе се вратам со вас пешки и ќе ми дадете дел од опремата да ја носам, во знак на извинување – рече Ковачевски.