БОМБА НА ГРУБИ ЗА ИНФОМАКС : МИЦКОСКИ НИ ДАДЕ БЛАНКО ПОДДРШКА ЗА ,,БЕХТЕЛ И ЕНКА” СО ЗБОРОВИТЕ ,,НИЕ ВИ ДАДОВМЕ ПОДДРШКА ВО СОБРАНИЕ, СЕГА ВИЕ КАКО ВЛАДА ИСТЕРАЈТЕ СИ ЈА ОВАА РАБОТА”

0
458
  • Не верувам, најискрено не верувам дека има политичар кој што би се обидел или кој што би верувал дека би имало било каква коруптивна зделка во однос на овој процес а посебно како што ви кажав опозицијата беше дел и беше поканета на преговорите дури беа поканети да бидат и членови на управувачкиот комитет.

    И ако ја погледнете одлуката останува празно место со што опозоцијата тогаш ни кажа ,,терајте си ја таа работа, ви дадовме ние наша поддршка при усвојувањето на законот во Собранието, толку од нас истерајте си ја оваа работа”, баш буквално со овие зборови на Мицкоски добивме бланко поддршка да си ја тераме работата околу ,,Бехтел и Енка”.

Вицепремиерот на Владата Артан Груби во интервју за ,,Инфомакс” во ,,МРЕЖА”.