АПАСИЕВ НЕ САКА ДА ЈА ПРИФАТИ ФРЛЕНАТА КОСКА ОД ВМРО-ДПМНЕ: РЕШЕН Е ДА ДОБИЕ НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ТВРДОКОРНИТЕ ВМРОВЦИ ПОРАДИ НЕФЕР ОДНОСОТ ОД ВМРОВСКИТЕ МЕДИУМИ И ПРОВИДНОТО ЛИЦЕМЕРИЕ НА МИЦКОСКИ

0
850

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев искажа иритираност и гнев од понудата на Мицкоски за опозициско обединување како контратежа на потезите на премиерот Заев и СДСМ за коалиција со сегашните владини партнери и за локалните избори.

Апасиев јавно обвини дека вмровските медиуми неколку месеци водат валкана кампања и оркестрирани напади против него лично и неговата партија. И тој грев на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да им го простува туку решително ќе атакува за поддршка од незадоволните тврдокорни и радикални вмровски гласачи со цел да капитализира на опаѓањето на поранешната јавна поддршка на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ.

“Мицковски на телевизија:

– Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!?

Мицковски во реалноста:

– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;

– Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни к**тон-медиуми со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев (“пудлицата на Заев”) и Левица, по директива на Белата палата;

– договара легализација на дивоградби со Заев во четири очи, во корист на урбаната мафија;

– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;

– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);

– прифаќа етницитет во лични карти, ко да сме Руанда;

– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса);

– малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…

И, кога после се’, идат анкетите пред локални – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, на ова дечиштава ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!? Види вака друже. Скроз си ја згрешил сликата за нас. Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане власт!” – објави Апасиев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски очигледно разочаран од одбивањето на соработката од страна на Левица, обвини дека дека биле политички неискусни и по вина на дел од раководството на Левица и натаму на власт е коалицијата СДСМ и ДУИ. Затоа Мицкоски се сврти кон нова изборна стратегија за локалните избори: да формира коалиција со Алтернатива и Алијанса за Албанците преку валкани политички пазарења.