АРТАН ГРУБИ ЗА ИНФОМАКС : ДОГОВОРОТ СО ,,БЕХТЕЛ И ЕНКА” ВООПШТО НЕ Е ТАЕН ТУКУ ТОА Е ПРОЦЕС СТАР ВЕЌЕ ДВЕ ГОДИНИ

0
445
  • Жалам за тој впечаток ако е вистинит и кај вас и кај граѓаните и кај политичките партии затоа што не е точен.

    Не сме воопшто таинствени или немаме намера да криеме нешто туку напротив целиот овој процес веќе се води две години како што знаете од времето на потпишувањето на меморандумот па усвојувањето на законот во Собранието па се до усвојување и потпишување на договорот од страна на владата по обврска на Собранието и законот кој што беше усвоен и затоа сметам дека апсолутно не беше таинствен процес туку беше многу транспарентен во кој што не беа само вклучени министри од владата туку и многу инстиуции и имаше место резервирано за опозицијата.

Вицепремиерот на Владата Артан Груби во интервју за ,,Инфомакс” во ,,МРЕЖА”.