БИТИЌИ НА КАНАЛ 5 : КАКО СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ВЛАДА ДОЛЖНИ СМЕ ДА НАПРАВИМЕ ДАНОЧНАРАЗЛИКА ЗА ЛУКСУЗНИТЕ ПРОИЗВОДИ

0
447
„Граѓаните да не стравуваат од даночните решенија утврдени во Предлогот на закон за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, затоа што тие се однесуваат на луксузни производи кои ги купува 2% од населението, кои може да си дозволат да платат повисок данок, додека останатите 98% не ги употребува“, рече заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во емисијата „Само Вистина“, која се емитува на телевизија Канал 5.
„Егзотични производи како бананите не се сметаат за луксузна храна, некој донел даночно ослободување и ги ставил овие производи, веројатно таква била куповнатa моќ во одреден временски период, тоа не е време на владеење на оваа Влада, туку е многу порано донесено. Сите тие производи како што се вагу месо, кобе месо коишто сметам дека 98% од населението воопшто не ги употребува, ќе се ги вратиме нормално таму каде што сметаме дека соодветно треба да припаѓаат, затоа што тоа е прво социјалдемократски, вредносно ориентирано и ние мораме да ја направиме разликата на одредени производи“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи потенцира дека не станува збор за производи кои масовно се употребуваат од страна на граѓаните, притоа потсетувајќи дека носењето на овие законски решенија е започнато пред 14 месеци.
„Тоа не е листа на производи коишто масовно се употребуваат од страна на граѓаните и морам да признам дека процесот на носење на овие даноци почна пред година и нешто, 14 месеци од денеска, имаше низа на консултативни процеси. За жал секогаш дискусиите ги завршуваме со незадоволство на мала група на луѓе или на граѓани, затоа што вообичаено тие се тие коишто можат најлесно да дојдат до просторот за да реагираат. Сите даночни решенија коишто ги дававме, ги вративме во Собранието, затоа што беа блокирани неколку месеци. Во суштина и не се однесуваат на граѓаните во пошироката маса, туку се донесува на многу помал број на компании или категории на граѓани коишто сметаме дека нема да ја изгубат ниту куповната моќ, нема да го изгубат луксузот во којшто живеат“, рече Битиќи.