Д-Р ДАНИЛОВСКИ: МАЛА ЗЕМЈА ПОБРЗО ЌЕ СТИГНЕ ДО КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ, СО ПРЕЛЕЖУВАЊЕ НА КОРОНАТА И СО ВАКЦИНАЦИЈА

0
1404

Во онлајн гостувањето во емисијата “Во центар”, д-р Даниловски даде неколку негови согледување во однос на развојот на пандемијата и ситуацијата во Северна Македонија. Со жалење потврди дека голем дел од научниците на светско ниво се ставија на услуга на политиката, бидејќи се работи за многу милијарди долари заработка на фармацевтските фирми. Истовремено Русите и Кинезите ја наметнуваат својата доминација преку вакцините и геостратешки си градат позиции на ваков начин.

За ковид пасошите, рече дека е монструозен потфат, механизам со политичка позадина. Ако некого го лишиш од вакцини и притоа го затвораш во неговите граници, е исто ко да живее во резерват и така да не може да мрдне надвор од таа територија. На таков начин се прави дискриминација за да не можат луѓето да патуваат по свој избор.

Исто така потенцира дека им се кршат човековите права и на антиваксерите но и на луѓето со религиозни ставови. Луѓето со малигни заболувања не смеат да се вакцинираат, а нив индиректно ќе ги заштитиме преку колективниот имунитет.

Од најновите научни сознанија, клеточниот имунитет го штити организмот од брза реинфекција после прележување на корона. Затоа и серолошките тестови треба да се користат масовно. Компромисно решение е прележаните да се вакцинираат после 3 месеци со само една доза. Добри искуства има од минатите пандемии со САРС-1 во Кина и МЕРС во Саудиска Арабија.

Д-р Даниловски смета дека околу 46% од населението во Северна Македонија има прележано корона. За одбрана од британската мутација, е потребен 85% колективен имунитет. Мала земја ко нашава, побрзо го стекнува колективниот имунитет и тоа може да се смета како предност.

Спуштањето на кривата ќе трае месец и пол за да стивне се’ до спорадично јавување на нови случаи. До крајот на јули ќе треба да заврши. Се надева дека во меѓувреме нема да дојде ни бразилска ни африканска мутација кај нас.

Во крајната фаза, британската мутација ќе кружи кај децата до пет години, но поради виталноста кај нив ќе се манифестира во сосема блага форма. Вирусот е РНК и има тенденција да се менува бидејќи е нестабилен. Преку мутации бара начин за да ги заобиколи бариерите што му ги наметнуваме и со масовна вакцинација.