БИЗНИСМЕНОТ ЗЛАТКО КАЛЕНИКОВ ГИ ТЕРАЛ ВРАБОТЕНИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА ВМРО ДПМНЕ, ЗА ВОЗВРАТ ЛАПАЛ ТЕНДЕРЧИЊА

0
4053

Поранешната претседателката на Советот на Град Скопје Ирена Мишева, која не е обвинета во предметот на СЈО „Титаник“ со Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска и други 14 лица од ВМРО-ДПМНЕ, според бомбите што се слушаат денеска во судница, презема една од главните функции во притискање луѓе по институции во Центар да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ.

„Преку директорите на јавните претпријатија ќе притиснеме до максимум“, го уверува таа Миле и дава насоки како да се направи тоа.

Натаму Миле кара соговорник, кој бил на баскет место да работи, да бара гласови за вториот круг во Центар.

„А бе денес 12 институции завршив. Имам изработено цел систем за гласање, многу е добар, ама не е за по телефон. Со ’Зегин‘ е веќе зборено“, му рапортира соговорникот на Јанакиески.

Потоа, на друг соговорник му препраќа мејлови што ги добил со списоци од вработени од Жарко Луковски од „Телеком“ со 2.000 луѓе, од Златко „Кадис“, од Јорданов „Макстил“.

Потоа ѝ се јавува на Елизабета Канческа-Милевска од која бара да ги свика уметниците од театрите, балетот и операта и да им каже да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, на што таа се согласува.

Потоа зборува со Даниела Рангелова, која му вика дека Општина Центар како да работи за Андреј Жерновски, а не за Владимир Тодоровиќ. Таа вели дека сликала оти ништо не се асфалтира и му пратила на претседателот.

Миле во друг разговор му се развикува на вработен во Општина Центар: „Јас да работам во Општина Центар, нема да гласам за Тодоровиќ. Атмосферата не е добра во општината, да знаеш!“.

„Уживај, добра е, само во една барака не е. Таа не е наша барака“, му кажува соговорникот.

извор: СДК