ВМРО-ДПМНЕ плаќала ДЕБЕЛО за американското тапкање по рамо на Груевски

0
1328

Состаноците на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со конгресменот Пити Сешн и со помошникот секретар во национална безбедност Алан Берсин и некои колумни на американски аналитичари, но и на Груевски биле договорени преку компаниите во САД што ги плаќа партијата, објави Радио Слободна Европа.

Ова може да се види од извештаите на платените американски компании за тоа што сработеле во шестмесечниот период за владејачката партија од Македонија. Извештаите се објавени во Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерството за правда.

Во едниот извештај на компанијата Глобал Секјурити, која партијата ја плаќаше со два договора – едниот во вредност од 35 илјади долари месечно, а другиот од 140 илјади долари, како нивни активности се наведуваат средбите на Груевски со Сешн и со Берсин кои се случија на седми јануари годинава. „Сешн до Груевски: Вашето присуство во Вашингтон е значајно за САД“, беа тогаш насловите во голем дел медиуми што важат за блиски до владејачката партија.

Според договорите со три различни американски консултанстки и ПР компании ВМРО-ДПМНЕ од декември лани досега платиле околу 1,6 милиони долари.