ВО ПОНЕДЕЛНИК ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПОЧНЕ ПЕТТА ФАЗА НА ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

0
308

Град Скопје ги известува граѓаните дека од 11 до 15.09.2023 година ќе се спроведе петтата фаза од прскањето од земја против возрасни форми на комарци.

Прскањето од земја ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.