УТРАТА ЌЕ СТАНУВААТ СÈ ПОСВЕЖИ – НЕ ОЧЕКУВА УМЕРЕНО ОБЛАЧНО И ТОПЛО ВРЕМЕ

0
308

Денеска наутро ќе биде свежо, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Индексот УВ ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северeн правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 9 степени во Крушево до 18 во Гевгелија, а максималните дневни од 23 во 33 Целзиусови степени, ви истите градови.
Утре и задутре исто така утрата ќе бидат посвежи, а преку денот ќе биде претежно сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер, в недела од североисточен, а в понеделник од југоисточен правец.

Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од 6°C до 16°C, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 27°C до 33°C. Индексот УВ ќе изнесува 7.