ФОНДАЦИЈА ЗАЕВ СО ДОНАЦИЈА ЗА ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА

0
678

Понекогаш малите нешта знаат да бидат од голема полза и значење за подобрување на квалитетот на севкупнот живеење на граѓаните и за унапредување на општественото секојдневие. Доказ за тоа е и последната донација на  Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ наменета за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.

Станува збор за  неопходен дел од опрема за Дигестивната амбуланта со кој  се овозможува полесно и поефикасно работење на лекарите и медицинскиот персонал при секојдневните прегледи на  пациентите. Тоа го овозможува  функционалноста и современиот дизајн на донираните елементи од опремата.

Поддршката за унапредување на јавното здравје е еден  од најважните фундаменти врз кои почиват донаторските активности на нашата фондација. Како резултат на таквите заложби, фондацијата досега донираше повеќе апарати и друга неопходна опрема на редица универзитетски клиники и други здравствени установи во државата.