СЕНЕГАЛ СО ПОБЕДАТА ОД 1-3 НАД БУРКИНА ФАСО ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ПРВАТА ТИТУЛА ОД АФРИКАНСКИОТ КУП НА НАЦИИ ВО СВОЕТО ТРЕТО ФИНАЛЕ

0
953

Сенегал, предводен од Садио Мане, стигна до 3:1 победа над Буркина Фасо во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, за по третпат во својата историја „Лавовите од Теранга“ да имаат шанса да се борат за континенталната титула.

Противникот ќе го добијат утре, кога во мега-пресметката, домаќинот Камерун игра со Египет, така што е можно во финалето да гледаме дуел на ѕвездите на Ливерпул, Мане и Мохамед Салах.

Откако не им беа досудени два пенали и покрај ВАР проверката, Сенегалците конечно го скршија отпорот на противникот во 70. минута кога дефанзивецот на ПСЖ, Абду Дијало најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Буркина Фасо. Само шест минути подоцна уште еден фудбалер на ПСЖ, Идриса Геје постигна гол по асистенцијата од Садио Мане. Во 81. минута, Ибрахим Туре го направи мечот неизвесен, пред, во 87. минута, Мане да стави точка на натпреварот со убав гол.