КОВАЧЕВСКИ : ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЌЕ БИДЕ НАД 1100 ЕВРА, А МИНИМАЛНАТА ЌЕ БИДЕ НАД 600 ЕВРА

0
156

Ние докажавме дека СДСМ е единствената политичка партија, единствената политичка сила во државата кога е на власт тогаш Македонија се движи во евроатланските интеграции. Во време на СДСМ Македонија стана земја членка на НАТО, благодарение на СДСМ после 17 години чекање ги отпочнува преговорите со ЕУ.
Ако гледате, во сите 10 теми кои што ќе бидат поделени во 4 поглавја и презентирани на програмската конвенција на СДСМ и коалицијата наскоро, гледате дека се работи за продолжување на она што го имаме направено во изминатите 7 години,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Македонската телевизија.

Тој ги истакна позитивните резултати во зголемувањето на платите, како и дека просечната плата ќе биде над 1100 евра, а минималната ќе биде над 600 евра.

„И тоа граѓаните тоа знаат дека со нас можат да го имаат бидејќи ние кога ветивме дека ќе има 500 евра просечна плата никој не веруваше во тоа. Ние имаме сега 650 евра просечна плата во државата. Кога велевме дека минималната плата од 8.000 денари ќе ја зголемиме, ние ја зголемивме неколкукратно минималната плата во државата,“ рече Ковачевски.Според Ковачевски, за уште поголемо зголемување и на платите и на пензиите, клучно е полноправното членство во ЕУ.