(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Бумбароски : Функционерите на СДСМ и нивните роднини во Прилеп се вработуваат по 3 пати

0
1430

Гоце Бумбароски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Како што наближуваат изборите на 12-ти април, така се зголемува стравот и паниката кај челниците од СДСМ.

Свесни за големиот изборен пораз кој ги чека, деновиве панично се растрчани и бараат прибежиште во јавните претпријатија и локалната самоуправа, со цел да продолжат да живеат на грбот на граѓаните.

Кристијан Пиличев кој најпрво директоруваше со Домот за стари лица, а потоа и со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Прилеп, сега се вработил како Раководител на сектор за човечки ресури во ЈКП Комуналец.

Викторија Јовчески која претходно работеше во Министерството за транспорт и врски, сега е вработена во Општина Прилеп како заменик раководител за Сектор за урбанизам. Истата е сопруга на командирот на прилепска полиција Кире Јовчески. Плус, замислете, дипломиран економист, заменик раководител на урбанизам.

Нови работни места имаат и партиските кадри Магдалена Лазоска и Валентин Божиноски. Лазоска во Комуналец, а Божиноски во Завод и музеј. Инаку Магдалена до вчера беше вработена во УЈП Прилеп. Ама затоа што не можеле да и дадат решение на неопределено време во УЈП, сега ја вработуваат во ЈП Комуналец. И не застануваме тука.

Венета Јованоска, сопруга на поранешниот директор на ЈКП Комуналец, Ѕвонко Јованоски, е вработена во истото претпријатие. Нејзиниот сопруг пак сега работи на измислено работно место како координатор на јавните претпријатија во општина Прилеп.

Неизбежен во сите овие случувања е и директорот на Турунски Комбинат, Кире Станкоски, за кого одново имаме прашање.

Дали во фирмата “ЕКС ПАНДА”  која е заедничка компанија на Филип Морис и Тутунски Комбинат, си ја вработил својата внука од брат, Александра Станкоска?

Прашуваме: Дали Пиличев, Лазоска и Божиноски и Јованоска се вработени на неопределено време во ЈКП Комуналец и Завод и музеј со цел да си ја обезбедат иднината, а во меѓувреме одново ќе бидат ангажирани на старите работни места?

Сеуште немаме добиено одговор и за тоа дали директорката на ЈП за ПУП, Мери Цветаноска најде свое прибежиште и сега е вработена во ЈКП Водовод и канализација?

Ова се само неколку примери кои на виделина го покажуваат целото лицемерие на власта од СДСМ. Функционерите и нивните роднини можат до бескрај да се вработуваат  и да променуваат работни места. За нив е важен само сопствениот џеб, а обичните граѓани и членови на партијата можат само да сонуваат за вакви придобивки.

Од друга страна продолжува да цвета и непотизмот, па мораме да информираме за уште еден случај кој ја покажува незаситноста и аздисаноста кога СДСМ е во прашање.

Почитувани,

Вака работи СДСМ и вака изгледа нивното владеење кое ги отслика изминатите 3 години.

Вака изгледа злото на кое мора да му се стави крај! Затоа на 12-ти април ве повикуваме сите! Македонија мора да расчисти со оваа башибозук дружина на чело со Зоран Заев.