ШКРИЈЕЉ : ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ОД 1.100 ЕВРА И МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА СЕ РЕАЛНО ОСТВАРЛИВИ ДО 2028 ГОДИНА

0
159

„Економскиот тим работеше во таа насока, што е она што може да се презентира пред граѓаните, а да биде, секако, реално остварливо. Ако цениме по она што досега е сработено во делот на платите, економскиот тим покажа дека дава добри прогнози.

Растот на минималната плата, растот што се случува во март секоја година, имам нов општ Колективен договор за целиот јавен сектор кој треба да стартува од 1 март во 2025 година кој што значи коефициенти и усогласување со растот на просечната плата. Согласно пресметките на економскиот тим, постигнување на просечна плата од 1.100 евра е реално остварливо и согласно движењата што ги имаме и растот на минималната и просечната плата досега, да завршиме до крајот на наредниот мандат во 2028 година со 600 евра минимална плата“, истакна Шкријељ.

Таа нагласи дека, согласно растот на платите во сите сектори во изминатите години – „и во образование, и во здравство, и во одбрана, само сега имаме зголемување на платите во високото образование за 25 проценти, ние сметаме дека е навистина остварливо да се стигне до оваа бројка на просечна и минимална плата“.