ПОСКАПУВААТ ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНОТ ЕУРОСУПЕР БС-98

0
128

Нови цени на горивата од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-98 поскапува за денар и половина и ќе се продава за 87 денари за литар.

Дизелот поскапува за еден денар и ќе чини 77 денари за литар, а за денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија малопродажна цена ќе изнесува 76 денари за литар. За помалку од денар поскапува и Мазутот.Цената на Еуросупер БС-95 останува непроменета и чини 85 денари за литар.