(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ СЕ НЕРВОЗНИ: ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ МУ УПАДНА НА ДИМИТРОВ НА СРЕД ПРЕС И НЕ МУ ДАДЕ ДА ДАДЕ ИЗЈАВА!

0
822

Кандидатот за пратеник и носител на листа на СДСМ во ИЕ1, Никола Димитров  изјави дека денес е голем ден за правната држава и за жедта за правда на македонските граѓани, кога стапува во сила, како што рече, тешко донесениот двотретински Закон за ЈО, закон за којшто два еврокомесари и претходниот Хан и актуелниот Вархеј ни кажуваат дека е битен за нашата кандидатура во очите на Брисел, на ЕУ.

Додека траеше изјавата на Димитров, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски се уфрли во неговата изјава и го запраша дали ќе поднесе во Обвинителството да се испита содржината на снимката објавена на Јутјуб меѓу црногорскиот бизнимен Миодраг Давидовиќ и Зоран Милески Кичеец.