НИКОЛА ДИМИТРОВ : МЕ НОСЕА ПО МИТИНЗИ КАКО РОК ЗВЕЗДА, СЕГА ИСТИТЕ ТИЕ МЕ НАПАЃААТ СО ДРВА И КАМЕЊА

0
983

„Kога удирате по човекот што зборува, а игнорирате што се зборува, тоа е проблем“, изјави поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања – Никола Димитров, во „Само вистина“ на ТВ „Канал 5“, додавајќи дека се работело за оркестрирани напади диригирани од еден или два партиски центри.

Според него, таквиот однос кон него е потврда дека неговите предупредувања и стравувања во однос на, како што рече, „маката со Бугарија“, се оправдани.

„Луѓето кои што ме носеа по митинзи небаре бев рок-ѕвезда, истите тие сега со дрва и камења ме напаѓаат. Јас сум истиот човек, ги имам истите гледања и ставови. Ништо не е сменето. Јас сум на правиот пат. Логично е да кажам кога не се согласувам со нешто“, рече Димитров.