ТРЕНЧЕВСКА : ПРОДОЛЖУВАЊЕТО НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ ОСТАНУВА НА МЛАДИТЕ

0
326

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше на средба со Валијата на Град Маниса, Енвер Унлу. На средбата се разговараше за важноста од поврзаноста на регионите и за пријателските односи помеѓу земјите.

Валијата истакна дека Балканот е недосонуваниот сон на Турција и затоа за него од особена важност да се одржуваат топлите односи меѓу државите. Тој се надоврза на моменталната ситуација во светот и воените конфликти, истакнувајќи дека мирот во регионот моментално е најважен.

Тренчевска зборуваше за соработката помеѓу земјите и за инвестициите кои Турција ги остварува во РСМ. Министерката истакна дека покрај овозможувањето на најмладите да учат на турски јазик во нашата земја таа истакна дека Владата ги поддржува и младите од Турција преку стипендии за студии во нашите универзитети.

На крајот од средбата Валијата ја покани Тренчевска на фестивалот на виното и маџунот, истакнувајќи дека маџунот се смета за лековит уште од времето на Султан Сулејман и дека тоа е манифестација која не треба да се пропушти. Тренчевска исто така го покани Валијата во РСМ особено во општините во кои веќе е воспоставена соработка.