КАРАКАЧАНОВ БИЛ ПОГРЕШНО ЦИТИРАН ОД МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ – НЕ СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА НАПАДНЕ МАКЕДОНИЈА СО ВОЈСКА, ТУКУ ДЕКА ЌЕ И ПОМОГНЕ СО ИНЖЕНЕРИ АКО МАКЕДОНИЈА ТОА ГО ПОБАРА?!

0
950

Сепак изјавата на Каракачанов не е толку страшна како што изгледаше на прва дека тој се заканува со воен напад на земјава, сепак изјавата е следна:

„Ако треба ќе им го пратам инженерскиот полк да им помогне да ги тргнат побрзо или ќе им пратам од мојата организација ВМРО, ќе ги тргнат за 24 часа. Не можеме да дозволиме една држава да гради идентитет на база на учебници во кои се вели дека Бугарите биле убијци, фашисти, Татари, окупатори, држава која со политика создава национално малцинство во Бугарија и го загрозува територијалниот интегритет на Бугарија“, изјави Каракачанов, лидер на партијата ВМРО-БНД, вицепремиер, министер за одбрана на земја -членка на ЕУ и решавач на историски спорови по брза постапка.

Оваа изјава не е многу добра исто така, но сосема е различна со закана за воен напад, сепак има голема разлика.