ОД ЛЕВИЦА ДА ПРЕСТАНАТ ДА СЕРАТ И ДА МРАЗАТ СЕ ШТО Е РАЗЛИЧЕН СТАВ ОД НИВНИОТ И ДА ПОЧНАТ ДА БАРААТ ПОДДРШКА КАЈ НАРОДОТ

0
2239

Ги читам во последно време нападите кон мене како уредник и кон порталот ,,Народен Глас” од страна на симпатизерите и членовите на ,,Левица” за тоа како порталот е пристрасен кон СДСМ и дека тоа му правело штета на владата и на премиерот па дури и фактот што нашиот портал има скромни примања во контекст со други портали кои имаат илјадници евра примања па и тоа сега било проблем!

Се чини дека овие луѓе се толку заслепени од нивната злоба и наместо да поентираат на конструктивни проекти и решенија за народот на престојните локални избори кои ќе се одржат на 15-ти октомври тие фрлаат дрва и камења по СДСМ , по Заев и по новинарите кои даваат максимална поддршка на владата да ги добие овие локални избори, да ја исчисти Македонија на локално ниво од Груевци кои владеат во 53 општини, а тоа не е мала работа и тоа не е мала борба да се добие.

Оваа влада за само 100 дена од формирање на влада донесе одлични мерки онолку колку што се може преку законодавниот дом за да му ги заштедат парите на граѓанинот. На пример, донесе мерки како што се укинување на радио дифузната такса, скратувањето на возила по министерствата кои се непотребен трошок и со кои вмровските административци и директори правеа лумперај и пијанки по ниви и кафани и ги возат за да шопингуваат во Солун, донесе закон во кој стечајците ќе земаат 7.400 денари месечно, укина владини кампањи кои претходно со ВМРО-ДПМНЕ ја чинеа Македонија милиони евра, враќање на ефтината тарифа на струјата, неколку странски инвестиции, водење на преговори со гигантите Google JigSaw и Facebook кои се во завршна фаза со цел да вработат некој од младите кадри во државата, и сега повторно нешто ќе најдат и измислат да дробат и серат?! Колку ли се самобендисани, кои телиња и политички слепци се ова, па дури ни вмровците не се толку злобни како овие од Левица.

Ова го велам затоа што во една дискусија со симпатизери на Левица бев обвинет за партиски слуга на СДСМ а тие се партиско непартиски определени личности членови или симпатизери на Левица?! Како да го разбере човек ова?! Значи внимавајте, се декларираат како политичка партија, мразат политички партии, не ги сакаат политичките активисти на ниедна партија, се оградуваат од партиски активизам ама се членови на политичка партија?! Кој кого млати на здрав мозок тука?!

Нивните “демократски” дострели одат до таму што еден од нив во фејсбук дебата дури и ме нарече злобен и глуп затоа што сум бил прилепчанец?! Значи затоа што не им се свиџал насловот преземен од порталот на Политико, Мактел.мк овие нарцисоидни и самобендисани суштества ги направија прилепчани гомна! Ебати партијата ебати која еден наслов на мал портал и неколку фејсбук коментари ја клекнале…

Страшно е ова што се случува со Левица луѓе мили, ова треба и мора да престане веднаш ако се веќе политичка опција треба да се однесуваат како таква, не е ова панаѓур нити слично туку политичка војна во која мораме да ја спасиме Македонија од канџите на Груевци кој мора да одат во затвор што поскоро а Левица со ваквиот однос, на хејтање на плукање и фрлање со дрва и камења по оние кои ја бранат владата од поранешниот режим им помага само на Груевци.

Пишува : Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник на порталот ,,Народен Глас”.