МИНИСТЕРКАТА НА МТСП, ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА СВЕЧЕНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА 100 ГОДИНИ МОДЕРНА ТУРЦИЈА

0
283

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше дел од свечената делегација предводена од страна на градоначалникот на Тургутул, Четин Акин во чест на одбележувањето на 100 години модерна Турција.

Тренчевска го искажа своето задоволство за присуството на важниот настан за Турција и посочи дека за неа претставува особена чест да биде дел од свеченоста за 100 години модерна Турција.

По свеченото одбележување на денот министерката Тренчевска заедно со делегацијата од РСМ остварија средба со градоначалникот на Тургутул, Четин Акин. Тие средбата ја започнаа со разговор за случајноста да потекнуваат од струмичкиот дел од нашата земја. Градоначалникот Акин истакна дека потекнува од Ново Село, Струмичко и дека потекнува од сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие. Тој гордо истакна дека благодарение на Република Турција, неговата посветеност и вложувањето на голем труд, без разлика на тоа дека потекнува од скромно семејство, тој денес е градоначалник на Тургутул. Затоа денешниот ден за него има големо значење.

На средбата исто така беа истакнати и добрите односи на Општина Тургутул со Општина Чашка и беше посочено дека во наредниот период ќе се интензивира соработката помеѓу двете општини. Тренчевска и Акин истакнаа дека Република Северна Македонија и Турција се две братски држави и дека тоа и во иднина нема да се промени.