ИМЕТО НЕМА ДА ГО ВРАЌААТ АМА ЌЕ МУ ЈА ВРАЌАЛЕ НАДЕЖТА НА НАРОДОТ: НА КОНГРЕСОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ДЕЛЕГАТИТЕ ОД МИЦКОСКИ ЌЕ МОЖАТ ДА ГЛАСААТ САМО ЗА МИЦКОСКИ

0
1341

ВМРО-ДПМНЕ најавува нова доктрина и кадровски промени по Конгресот на кој што ќе се гласа само за Христијан Мицкоски како старо-нов лидер на партијата в недела. Тоа е лицемерното и квазидемократско однесување во внатрепартиските работи откако Мицкоски си постави лојални делегати.

На Конгресот, Мицкоски ќе најави сериозни кадровски освежувања во согласност со “новите” политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа нова доктрина треба да биде нова водилка на партијата во наредниот период откако ќе биде разгледана и поддржана на Конгресот. Како основна цел на ВМРО-ДПМНЕ е да им се врати надежта на граѓаните дека може да се живее добро дома во Република Северна  Македонија.

Исто така ќе се спомне дека менувањето на идентитетските прашања и карактеристики на македонскиот народ по автоматизам води кон проблематизирање на македонската самобитност и единственост. ВМРО-ДПМНЕ декларативно ќе се бори за праведноста и почитта кон македонскиот народ и држава во меѓународните односи.

ВМРО-ДПМНЕ не поддржува евентуален договор со Бугарија кој што би бил надвор од рамките на Резолуцијата изгласана во јули годинава во Собранието за црвените линии во преговорите.