РЕФОРМИ ВО УЈП, ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: ГИ ЗАЈАКНУВАМЕ КОНТРОЛНИТЕ МЕХАНИЗМИ НА УЈП ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

0
975

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска одржа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и со началниците на регионалните дирекции на УЈП. На состанокот се разговараше за улогата на УЈП во спречувањето на затајување на данок и корупција, преку зајакнатите контролни механизми.

Николовски ги презентираше мерките од Планот за борба против корупција со посебен акцент на мерките со кои преку дигитализација се елиминира човечкиот фактор и субјективноста при реализација на контролите.