Артан Груби: На Специјалната обвинителка да и се овозможат сите ресурси

0
891

Grubi-Garet1-521x540

Соопштение на ДУИ:Пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби денес се сретна со Британскиот Амбасадор во Македонија, г-дин Чарлс Гарет.Пратеникот Груби и Амбасадорот Гарет разговараа околу политичката криза во земјата и застојот во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино како и за изборите следната година.

Груби истакна дека Советот на Обвинители треба да докаже чувствителност за состојбата во земјата и да го почитува законот за специјалниот обвинител овозможувајќи без одлагање сите ресурси кои се потребни од страна на специјалниот обвинител.

Груби истотака изрази уверување дека Договорот од Пржино ќе се спроведе и затоа смета дека дијалогот треба да го следи, без одлагање, додека македонските политички партии мора да покажат поголема одговорност за земјата отколку за себе.
Во врска со изборите во април 2016 година, Груби ја истакна масовната мобилизација на ДУИ на терен која ќе одговори на секој гласач, но и ќе се соочува со сите бескрупулозни напади со честите шпекулации и тенденциозни конструкции од координирани кругови против претседателот на Ахмети и ДУИ.