(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СИМБОЛИЧНИ ПОДАРОЦИ ЗА ЖЕНИТЕ ВОЗАЧИ ОД СООБРАЌАЈНАТА УЧИЛИШНА ЕДИНИЦА ПРИ СОУ „РИСТЕ РИСТЕСКИ-РИЧКО“

0
1460

Во склоп на сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески-Ричко” од Прилеп, формирана е сообраќајна училишна единица. Оваа единица, во текот на целата година зема активно учество во бројни настани кои се организираат во нашиот град, а кои се под покровителство на локалната самоуправа на Општина Прилеп, но и други институции од градот.

Дел од активностите сообраќајната училишна единица ги спроведува по сопствена иницијатива, а во соработка со секторот за сообраќај при Полициската станица од Прилеп. Една од нив беше и вчерашната акција, поврзана со утрешниот Меѓународен ден на жената, 8.Март.

Во соработка со полициската станица, дел од членовите на сообраќајната училишна единица во периодот од 10.30 до 12.30 часот, на три локации во центарот на градот, ги запираа жените возачи, при што им делеа симболични подароци и флаери со честитка за престојниот празник, но и порака за неприкосновената улога на жената како учесник во сообраќајот.