ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го финализираа договорот за формирање нова Влада, објави порталот Лајм, повикувајќи се на партиски извори.
Лајм пишува дека според нивните извори, единствената „задача“ на Христијан Мицкоски сега е да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада со премиер Албанец.
Истите извори за порталот велат дека Али Ахмети и Мицкоски се согласиле дека прв премиер ќе биде Лазар Еленовски, кој ќе се декларира и за Албанец и за Македонец. На овој начин ДУИ ќе има образложение дека го реализирала барањето за премиер Албанец, а и во членството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има револт, затоа што за Еленовски ќе биде јасно дека „изјавата дека е Албанец е само за потребите на дневната политика“, пишува „Лајм“.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ започнаа да се однесуваат како во најдобрите Грујови времиња кога правеа обиди за етнички судири, користеа напади по автобуси, групни тепачки на Кале и што ли уште не за да сега најново ги убедуваат симпатизерите на двете партии дека тие се оние кои ќе формираат влада а не СДСМ иако Зоран Заев има законски рок од две недели да формира влада. По се изгледа дека ВМРО-ДПМНЕ го продолжува сценариото на Груевски, иста режија исти глумци исти курац два примерока, Ахмети и Мицковски.