МВР ЈА ДЕМАНТИРА ЛАЖНАТА ВЕСТ НА ТВ АЛФА ЗА НАВОДНИ ВРАБОТУВАЊА ВО ПОЛИЦИЈАТА

0
987

Соопштение на МВР за лажната вест објавена на ТВ Алфа:

„Лажна вест е дека МВР распишало јавен оглас за вработување на 500 полицајци

Министерството за внатрешни работи ги демантира објавите на ‘Алфа’ и ‘Скопјеинфо’ од 05.08.2020 година, за распишан јавен оглас за вработување на 500 полицајци.

Во моментов МВР нема распишано оглас за вработување на полицајци воопшто, а последниот јавен оглас за вработување на 500 полициски службеници е распишан во август 2017 година. Имено, и на линкот наведен во текстовите на двата портала, кој треба да води до наведениот оглас, упатува до празна страница, односно во моментов не постои објава на ниту еден оглас.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира да не се изнесуваат лажни вести и дезинформации кои можат да доведат до забуна во јавноста, туку инсистира на точно, навремено и вистинито информирање, кое е и еден од приоритетите во работењето на ова министерство“.