Нападнат ЛГБТ активистот Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

0
934

На антидепресиви, никогаш недвижејќи се пеш по улица и секогаш во страв дека некој ќе го нападне живее претседателот на здружението „ЛГБТ Јунајтед“ Беким Асани од Тетово. Сексуалната определба на Асани небројан број пати го доведе во ситуација да биде тепан, навредуван, напаѓан, па затоа и социјалната изолација и држењето до мал и затворен круг на пријатели и поддржувачи во заедницата е единствениот начин на кој што функционира во услови кога ЛГБТ активистите во Тетово се мета на насилници, а институциите на системот се неми и глуви за да ги санкционираат нивните недела.

Додека се возел со четворица пријатели во својот автомобил, Асани бил претепан со боксови по лицето и по стомакот. Бидејќи од нападот повраќал, завршил и в болница, но неговите напаѓачи кои среде бел ден го натепале упатувајќи му ги зборовите „а ти си тој педерот“ на албански јазик, се во моментов на слобода.

Целиот текст на Слободен печат