(ВИДЕО): Еден загинат и тројца повредени во пукотница на универзитет во Аризона

0
1292

OMAHA-police-us-675x320

Најмалку едно лице е убиено, а три се повредени во пукотница на Универзитет во Северна Аризона во областа Флагстаф, јавуваат локалните власти, наведувајќи дека осомничениот напаѓач е уапсен.

– Потврдено е еден загинат и тројца повредени. Напаѓачот е во притвор. Ситуацијата е стабилизирана. Кампусот не е затворен, објвија на Твитер универзитетски претставници.

Мотивот за вооружениот напад не е познат и службеници од Северна Аризона не објавија дали загинатиот е студент на универзитетот.