АНДОНОВ ОБЈАВИ СКАНДАЛОЗЕН ЦИТАТ НА МИЦКОСКИ, ДАДЕН ВО ИНТИМНО ДРУШТВО : „ЧЛЕНОВИ (НА ПАРТИЈАТА)… ТОА СЕ КУ*ТОНИ КОИ ПО УПОТРЕБА СЕ ФРЛААТ”

0
1440

Андонов објави скандалозен цитат на Мицкоски, даден во интимно друштво: „Членови (на партијата)… тоа се куртони кои по употреба се фрлаат“, пишува тој во редовната неделна колумна.

Честит празник! Среќна нова ’49-та! Нека е со среќа започнувањето на предпристапните преговори со ЕУ!
Легендата вели – Сталин го свикал Политбирото на КП на СССР, се разговарало на разни теми но пред се за дисциплинирање на членството на партијата и народот во Советскиот сојуз. Додека сериозно дискутирале присутните, Сталин во рацете држел кокошка на која и ги кубел пердувите. Кокошката, јадната, пискала на цел глас, но тој продолжувал. Кога ја искубал ја пуштил и таа побегнала од него – злосторникот. Во тоа време завршила дискусијата. Сталин расфрлал трошки леб од кокошката до неговите ноза и таа јадната по трошките повторно дошла до неговите нозе и почнала да колве од неговите раце. Така треба со народот! – поентирал Сталин.
Цинизам!

За жал на возљубените во апологетот Христијан Мицкоски, драмолетката со работен наслов „Храбриот Крсто и неговите 40 разбојници го спасуваат македонскиот идентитет“ заврши. Толку од храброста на даскалот и неговата искрена љубов кон македонскиот народ и партијата. Три години ботовите на Мицкоски ме растргнуваа кога пишував за коалицијата СДС-ДПМНЕ. За нивната подчинетост на интересите на политичко-олигархиските структури. За невидливиот менаџер кој ги координира – старите комунистички безбедносни структури основоположници и сценаристи на политичкиот театар во Македонија. Конечно се постигна синергијата помеѓу Мицкоски, Заев, Таче, Груевски односно помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ. ЕУРЕКА, фамилиите се договорија!

Целиот театар, како што многу пати пишував, беше заради лукративните интереси на Мицкоски и неговата братија но пред се интересите на неговите налогодавачи. Верувам на многумина сега им е јасна причината за нашето постоење, зошто сме „Фракцијата….“ во ВМРО-ДПМНЕ. Дали конечно го разбравте театарот на апсурдот – „Мериот коалиција“, дали конечно разбравте колку ве „маслосуваа“ за кавга, судир помеѓу добриот Никола и лошиот Сашо. За омразата на праведниот Мицкоски кон криминалците од Фамилијата да не зборувам. Криминалците владеат со ВМРО-ДПМНЕ. Никогаш и не престанале. А Вие, подржувачите на Мицкоски за него сте само „корисни идиоти“ или да бидам попластичен со цитат на Мицкоски, даден во интимно друштво, „членови.. тоа се куртони кои по употреба се фрлаат“. Вие сте единствено „важни“ кога треба да гласате. За криминалците од Вашите редови градоначалници, директори на јавни претпријатија, министри, премиери, директори на служби за безбедност, продолжете тивко да мрчите за нивните хотели, луксузни автомобили, златни часовници, хациенди во Грција, можеби и вам ќе ви „фрлат коска“.

Доколку го слушавте ламентот на Мицкоски, даден на една национална телевизија, во однос на промените во Кривичниот закон сигурно се запрашавте. Како може човек толку да ја глорифицира својата глупост? Како може со таква леснотија да искаже куп лаги? Зарем нема ниту малку почит кон интелектот на граѓаните? Кој му дал за право јавно да ги исмејува граѓаните? Како егзибиционист „без срам и перде“ го отвара мантилот и ја покажува својата интелектуална голотија! Каква первезија! Каков циник!
Дали треба да се биде поштен?

Целата колумна прочитајте ја на следниот линк: