РОДЕНДЕНСКИ ХЕПИ ФЕЈС СРЕДЕ СРЦЕТО ВО СЕДИШТЕТО НА НАЈМОЌНАТА АЛИЈАНСА : ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ 46-ТИ РОДЕНДЕН ВО СЕДИШТЕТО НА НАТО АЛИЈАНСАТА НА ПОКАНА НА ШЕФОТ СТОЛТЕНБЕРГ

0
1220

Зоран Заев (р. 8 октомври 1974 во Струмица) — македонски политичар и економист кој од 2017 година е премиер на Македонија. Заев бил градоначалник на Струмица од 2005 до 2016 година, а пред да стане градоначалник, од 2003 година бил пратеник во македонското Собрание. По заминувањето на Бранко Црвенковски, Заев го презел раководството на СДСМ во 2013 година.

Зоран Заев е роден во 1974 година во Струмица, тогаш во СФР Југославија. Израснал во земјоделско и традиционално семејство, опкружен со членови на семејството кои, според неговата владина биографија, биле „просперитетни бизнисмени, активни и почитувани во социо-политичката и економската сфера на македонското општество“.[1]

Заев се зачленил во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во 1996 година. Во 1997 година дипломирал на Економскиот факултет во Скопје каде продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии. Истата година бил вработен во семејното трговско друштво „Тргопродукт“ од Струмица каде напредувал до директорската функција која ја презел во 2001 година. Во периодот од 1998 до 2003 година дополнително вршел неколку други функции, членувајќи во управните одбори на неколку локални компании и бил претседател на управниот одбор на јавното комунално претпријатие на Струмица.[2]

Од 2003 до 2005 година Заев бил пратеник во македонското Собрание.

Градоначалник на Струмица

На локалните избори во 2005 година победил како кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ. По изборната победа ја презел функцијата од претходникот од ВМРО-ДПМНЕ.

На 17 јули 2008 година, Заев бил уапсен заедно со уште петмина соработници и бил осомничен за законски прекршувања при изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Заев обвинил дека се работи за монтиран случај, политички прогон и обид за негов линч. Случајот бил затворен по аболиција од тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски.[3]

Заев добил уште два мандати како градоначалник на локалните избори во 2009 и во 2013 година. Тој се повлекол од функцијата по парламентарните избори во декември 2016 година.

Лидер на опозицијата

Заев бил назначен за вршител на должноста претседател на СДСМ во септември 2008 по одржаниот партиски конгрес.[4] По завршувањето на претседателскиот мандат на Црвенковски во 2009 година, Црвенковски се вратил на чело на СДСМ, а Заев станал потпретседател на партијата.[5] Во јуни 2013, Заев бил избран за претседател на СДСМ по оставката на Црвенковски поради лошиот изборен резултат на локалните избори во 2013.

Во првата половина од 2015 година Заев објавувал телефонски разговори за кои тврдел дека биле снимени од страна на УБК по нарачка на Никола Груевски и Сашо Мијалков како дел од прислушување на 20 илјади македонски граѓани.[6] Истите биле основа за кривична истрага за злоупотреба на службената должност против водството на ВМРО-ДПМНЕ. Поради објавување на снимките, Заев во април бил обвинет за насилство кон претставници на највисоките државни органи во случајот „Пуч“, а поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и негови луѓе од МВР биле обвинети за обид за државен удар.[7] Во текот на објавувањето на снимките, обвинителството отворило случај против Заев под името „Поткуп“, во кој Заев бил осомничен за примање поткуп од струмичкиот стопанственик Иван Николов од околу 164 илјади евра за добивање дозвола за изградба на црква.[8]

Заев, како претставник на СДСМ, бил учесник во преговорите за надминување на политичката криза помеѓу лидерите на најголемите македонски партии со странски посредници.[9] Партиските лидери го потпишале Пржинскиот договор, во кој се предвидувало техничка влада за организирање предвремени парламентарни избори во 2016 и формирање на Специјално јавно обвинителство (СЈО) со цел да ги истражи наодите за криминал од објавените снимки.[10] Во април 2016 претседателот Ѓорге Иванов донел одлука за помилување на 56 лица опфатени во истрагите на СЈО, помеѓу кои Груевски и Заев, но подоцна одлуката за аболиција била повлечена поради притисок од домашната и меѓународната јавност.[11] По изборите во декември 2016, Заев формирал парламентарно мнозинство помеѓу партиите на СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците. На 17 мај 2017 тој станал мандатар откако Иванов му доделил мандат за формирање влада.[12]

Претседател на Владата

Прв премиерски мандат

Вечерта на 31 мај Собранието на Македонија со 62 гласа „за“ ја избрало владата на Заев која ја сочинувале 25 министри.[13] Прв чекор на неговата влада во надворешната политика бил потпишување на договор за добрососедство со Бугарија во август 2017.[14] Во септември биле донесени законот за минимална плата од 12 илјади денари, законот за укинување на радиодифузната такса, а била вратена и евтината тарифа на струјата.[15][16]

На локалните избори во 2017 партијата на Заев остварила убедлива победа со освоени 57 градоначалнички мандати и околу 420 илјади гласови на советничките листи.[17] Во јуни 2018 г. бил потпишан Преспанскиот договор со што бил ставен крај на спорот за името помеѓу Македонија и Грција кој траел од независноста на Македонија.[18] Во септември бил одржан референдум на кој гласале 37% од лицата со право на глас, а од нив 91% или околу 610 илјади гласачи се изјасниле позитивно за договорот.[19]

Поради неговите залагања за Договорот со Грција во средината на декември 2018 година Заев заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас бил номиниран за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на добитничката на наградата во 2015 година, Тунижанката Уидед Бушамауи.[20]

Втор премиерски мандат

По победата на коалицијата предводена од СДСМ на парламентарните избори во 2020 година, Заев продолжува да служи на премиерската функција откако успева да состави влада преку постизборна коалиција со ДУИ. До изборот на втората влада предводена од Заев на 31 август, Оливер Спасовски бил претседател на техничка влада согласно Пржинскиот договор.