ДВАЈЦА ОД ТРОЈЦА СМЕТААТ ДЕКА ИМАМЕ НЕКВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ

0
437

Граѓаните се незадоволни од учебниците, програмите и условите во училиштата
Главна причина според граѓаните зошто Македонија се наоѓа на најниските места на светските мерења за квалитетот на образованието е лошата наставна програма, став кој го делат 19,2 проценти од граѓаните, 15,5 проценти сметаат дека главна причина е несоодветниот наставен кадар, 12,7 проценти проблемот го гледаат во неквалитетните учебници, а 11 проценти лошите услови во училиштата, се наведува во заклучокот.

Близу 60 отсто од граѓаните сметаат дека државава има неквалитетно образование, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Тоа се речиси од двајца од секои тројца граѓани. Според истражувањето, 57,3 проценти од анкетираните кажале дека образованието не е квалитетно наспроти 35,6 отсто кои се убедени дека има квалитет.

Споредбата со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, покажува дека денеска незадоволството на граѓаните од образованието е уште поголемо, имајќи предвид дека бројот на оние кои сметаат дека не е квалитетно скокнал од 51,6 отсто на 57,3 отсто.

Kолку што е повисоко образованието на испитаниците, толку е и поголемо нивното незадоволство, па така 67,2 проценти од граѓаните со високо образование сметаат дека образованието во земјава не е квалитетно. Слично мислење имаат и оние граѓани кои имаат завршено средно образование: 61,3 проценти сметаат дека имаме неквалитетно образование.