СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ДОБИВМЕ СОЈУЗНИК НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА, ЦИПРАС: СПРЕЧИВМЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ДЕСТАБИЛИЗИРА КАКО ЛИБИЈА И ГО ЗАПРЕВМЕ ТУРСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО РЕГИОНОТ

0
156

“Ако не постеше Договорот од Преспа, сега на нашата северна граница ќе ја имавме ситуацијата што ја имаме југозападно од нас, ќе имавме Либија на нашата северна граница. Таму ќе имавме постојано присуство на Турција” – рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас. Поранешниот грчки премиер истакнува дека како одминува времето, дури и оние што беа критични кон договорот ги сфаќаат придобивките што ги има за Грција.

“Не само што донесовме решение кое обезбедува мир и стабилност во регионот, создавајќи сојузник на нашата северна граници, туку и ја спречивме експанзијата на Турција во регионот. Тоа е многу е важно” – истакна Ципрас.

“Што има денес да им каже господинот Мицотакис на сите оние со кои беше рака под рака и ги мобилизираше, велејќи им дека е предавнички договор, кога сега се придржува и го почитува договорот?” – праша лидерот на СИРИЗА.

Додаде дека во одреден момент, актуелниот грчки премиер ќе се соочи со неговите одлуки и ќе мора да излезе пред грчкиот народ и да ја објасни позицијата но и дека во 2018 година со демагошки и популистички став за клучното националното прашање, целта му беше да стане премиер.

Тој истовремено упати критики до грчката Влада за трите меморандуми кои сè уште не се ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент и дека тоа на премиерот Мицотакис не му носи никаква корист.