ЛЕКЦИЈА ПО ИСТОРИЈА ОД КОМЕНТАТОРОТ НА МТВ: НИЕ НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ НИЧИИ РОБОВИ АМИ БОЖЈИ ЧЕДА?! А 5 ВЕКА ТУРСКО, А 30 ГОДИНИ СРПСКО, А 4 ГОДИНИ БУГАРСКО?!

0
1339

Коментаторот на МТВ, Тони Стојановски како да бегал од часовите по Историја па ако малите деца го слушаат ќе помислат дека коментира за Русија или Велика Британија:

– Ние не сме и никогаш не сме биле ничии робови, ние сме божји чеда, сите што ни направиме зло и мислеле дека можат да не покорат сега ќе ја добијат одмаздата, ќе видат колку вреди овој народ, сите брзо плети потези на политичарите ќе бидат исправени!

Шокантно националистичко коментирање на коментаторот на МТВ според кој ние сме на Европско не да покажеме дека знаеме да играме фудбал туку да се одмаздуваме за некакви зликовци од западот кои го намачиле Македончето низ историјата?!?!?!

Овој човек очигледно ја згрешил професијата, треба да биде политичар и тоа во националистичка партија и да држи вакви ватрени говори на говорница или на митинг, спортот нема место за национализам и политика и лечење некакви фрустрации и чувство на угнетеност и неправда…

Според многумина светот многу и помогна на Македонија да ззастане на нозе и да просперира како држава, овие 30 години независност сме примиле неколку десетици милијарди евра и долари донации од секаков аспект, што пари што опрема…

Ако овој човек мисли така тоа нека си го напише на негов фб пост нема што да не замара со историја и политика, во земјава не има разни, некои се про запад некои про русија итн итн и нема тука место за делби кога е спорт во прашање…