ГОЛЕМИОТ ПАТРИОТ И МАКЕДОНЕЦ САШО МИЈАЛКОВ ГИ СТИСКА ПАРИТЕ ВО ТОА ЧОРАПИТЕ ОД БЕЛИЗЕ : Се најде на црната листа на УЈП на неплаќачи на радиодифузна такса!

0
1536

Помеѓу 85.790 граѓани кои се најдоа на списокот на УЈП за присилна наплата на радиодифузна такса се најдоа и имиња на многу познати личности од политичкиот и општествениот живот, пренесува „Либертас“.

Како што може да се види од фотографијата во прилог, едно од нив е и името на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

985498439043-670x328

Не е познато за која сума се работи, односно колку пари должи Мијалков за неплатена радиодифузна такса, бидејќи во списокот не ги пишува сумите туку само имињата на должниците и нивните адреси. Целосниот список можете да го спуштите од сајтот на УЈП на следниот линк.

Имињата на тие што не платиле до вчера ќе бидат објавени во Службен весник, а три дена потоа Управата ќе почне со блокирање на банкарски сметки на должниците. Доколку не платил во меѓувреме и сметката на Мијалков ќе биде блокирана.

СДСМ денеска преку соопштение реагираше и порача УЈП да не помисли да ги блокира сметките на граѓаните за радиодифузна такса. Од опзициската партија ветуваат дека по нивната победа, радиодифузната такса ќе биде укината а МРТ ќе се финансира директно од Буџетот.

Извор: Либертас