(Видео)Џељо Хоџиќ: Николче ништо не прифаќаме ако ти останеш премиер

0
1180

hd 1

Знаеме дека се’ и’ имаш ветено на опозицијата само за да останеш на својата функција, но ние не прифаќаме ништо ако ти останеш премиер!, рече активистот за човекови права, Џељо Хоџиќ. пред граѓаните кои попладнево протестираа пред зградата каде што живее Никола Груевски, пренесува А1он.

Хоџиќ, пред демонстрантите кои скандираа „Оди си!“, „Правда!“ рече дека Груевски ја приватизарал државата и ја ставил под контрола на својата партија и на својата фамилија. Поради неговото владеење, според Хоџиќ, во последните 10 години, 450 000 луѓе си заминале од Македонија.

– Ако не одговараат или ако нема конфискација на нивните имоти, јас сум првиот што ќе протестира против новата власт, им порача Хоџиќ на опозиционерите.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=vf9xEb5BhaA[/youtube]