ЕРДОГАН : ДА СЕ ФОРМИРА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА!

0
348

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е решена да ги засили дипломатските напори за да го спречи насилството меѓу израелските и палестинските сили.

Тој додаде дека решението со две држави е единствениот начин за постигнување мир во регионот.Во говорот во Истанбул, Ердоган рече дека израелско-палестинскиот конфликт е во центарот на повеќето конфликти и проблеми на Блискиот Исток.Според него, сега е потребно формирање независна палестинска држава со Ерусалим како главен град.