ПРОНАЈДЕНО ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ПРИЛЕП

0
766

Пронајдено е петнаесетгодишно девојче од прилепското село Пешталево,  кое доцна синоќа е пријавено дека е исчезнато. Министерството за внатрешни работи потврди дека девојчето е со своите родители.

Потрагата по девојчето почна синоќа, кога роднините на девојчето на социјалните мрежи почнаа да пишуваат статуси со барање за помош во нејзино пронаоѓање.

„Нема ни траг ни глас од неа, од вчера вечерта околу 19 часот полициска екипа е во потрага по Ана Марија Ѓореска последен пат била видена на постојка Ропотово, чекала превоз. Не е видена со што возило е тргната и каде доколку некој ја препознае и види ве молиме известете не. Девојчето е од село Пешталево Ропотово однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести. 15 годишна возраст е, малолетничка, не комуницира со луѓе, во последно време е многу затворена“, стои во објавата од нејзините роднини.